Британското Министерство за одбрана тврди дека Москва ги засили нападите во јужна Украина

 Русија значително ги зајакна своите одбранбени линии во јужна Украина, но успехот на оваа стратегија зависи од тоа дали доволно артилерија и персонал ќе можат да ја поддржи, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Овој потег е направен за да се спротивстави на можна контраофанзива на Украинците во правец на крајбрежниот град Мелитопол, соопшти Министерството во својот дневен извештај на Твитер.

Русија постави три линии на одбрана во регионот Запорожје во последните недели на растојание проценето на 120 километри, секоја оддалечена околу 10 до 20 километри, пишуваат британските аналитичари. Линијата на фронтот вклучува позиции за напади, додека другите две имаат континуирани, поразвиени одбрани. Одбранбените линии, според Лондон, имаат потенцијал да претставуваат огромни пречки за Украина.