Вака би изгледале фотографиите на историските личности кога тогаш би имале опција за селфи

Уметникот Jyo John Mulloor неодамна создаде селфи фотографии на кои се прикажани некои од најзначајните личности во историјата, а со помош на програмата за вештачка интелигенција.

Познато е дека неодамна се појавија бројни фотографии направени со помош на програми за вештачка интелигенција, а овој пат уметникот Jyo John Mulloor ги дизајнираше таканаречените селфи од минатото, на кои има личности како Мерлин Монро, Алберт Ајнштајн, Боб Марли, Мајка Тереза, Махатма Ганди и многу други.

„Откако го вратив стариот хард диск, открив ризница од селфи фотографии што ми ги испратија пријатели од минатото“, се пошегува тој во објавата на Instagram.

Уметникот изјави дека го користел софтверот за вештачка интелигенција Midjourney, како и Photoshop за да додаде дополнителни бои за да ги генерира овие илустрации, а некои фотографии морале да бидат целосно обоени бидејќи биле црно-бели.

Овие фотографии собраа илјадници лајкови и позитивни коментари, како и бројни други кои неодамна се појавија на социјалните мрежи, како што се фотографиите на папата Франциск, Снуп Дог, Кристијано Роналдо, Лео Меси и многу други личности во различни ситуации.