Ватикан: Поранешниот кардинал Бечиу осуден на 5,5 години затвор поради финансиски криминал

– Судот во Ватикан го осуди Џовани Анџело Бечиу на 5,5 години затвор поради финансиски криминал.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека Анџело Бечиу бил вмешан во контроверзен договор за купување на луксузни недвижности во Лондон со средства на црквени фондови.

Осуден е за проневера и злоупотреба на службената положба, а неговиот адвокат Фабио Виљоне изјави дека ќе поднесат жалба на пресудата.

Бечиу е именуван за кардинал 2018 одина, а неочекувано поднесе оставка во септември 2020 година поради контроверзниот договор.

Тој претходно служел како референт за општи работи, што е исклучително важна функција во моќниот Државен секретаријат во Ватикан. На оваа позиција секојдневно се состануваше со папата и беше еден од неговите најдоверливи помошници.

Во тој период се случи и скандалот околу договорот за недвижности на луксузната лондонска авенија Слоун.

Плаќањето е извршено преку офшорт фондови, а минатата година се претресени канцелариите на секретаријатот. Ватиканската полиција заплени документи и компјутери и приведе 5 членови на персоналот на секретаријатот.