Велика Британија ги повика земјите кои ѝ помагаат на Украина да „не се откажуваат“

– Државниот министер за вооружени сили на Велика Британија, Џејмс Хепи, рече дека земјите не треба да се откажат поради падот на залихите на оружје, и додаде: „Ние мора да ја поддржиме Украина во војната вечерва и утре и задутре“.

Хепи, кој зборуваше на Безбедносниот форум во Варшава, Полска, изјави дека Велика Британија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека тоа е нешто природно.

Истакнувајќи дека земјите не треба да се откажат поради намалените залихи на оружје, Хепи рече:

„Ние мора да ја поддржиме Украина во војната вечерва и утре и задутре. Ако престанеме, тоа автоматски не значи дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе престане, тоа значи дека добил можност да ги оствари целите што ги имаше во првата фаза.“

Тој, исто така, подвлече дека земјите мора да ги надополнуваат своите сѐ помали залихи оружје секој ден, укажувајќи на важноста од зголемување на темпото на производство.

– Решивме да се подготвиме уште подобро

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, истакна дека согласно со новата одбранбена стратегија на НАТО, во првиот месец може да бидат распоредени 300.000 војници во случај на евентуален напад врз Алијансата.

Меѓу другото, тој истакна дека мора да бидат подготвени против лош и сѐ поагресивен непријател.

„Затоа во 2019 година почнавме да размислуваме и да ја менуваме нашата воена стратегија, ова го отвори патот за подетални планови, кои беа одобрени во Вилнус“, рече Бауер.

Бауер, исто така, истакна дека Командата на здружените сили на НАТО има развиено регионални планови, додавајќи: „Решивме подобро да се подготвиме за да имаме повеќе борбени групи на источното крило.“

Меѓу другото, министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, истакна дека ќе ја поддржуваат Украина се додека ѝ треба.

„Свесни сме дека Украина води важна борба за сите нас, и дека тие се борат за своето право да живеат во суверена и независна земја. Затоа, тие ја заслужуваат нашата поддршка на секој начин“, додаде Петровска.

Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец нагласи дека НАТО ќе биде успешен само ако биде заедно, и рече: „Мораме да бидеме свесни дека сите заедно можеме да успееме. Многу сум среќен што немало мозочна смрт на НАТО.“