Верати и Љоренте би можеле да бидат соиграчи со Марез и Фирмино во Ал Ахли

– Ал Ахли има намера во блиска иднина да го комплетира трансферот на уште двајца играчи од Европа.

Според новинарот Набил Џелит, клубот од Саудиска Арабија активно работи на трансферот на играчот за врска Марко Верати од ПСЖ. 

Вториот фудбалер е Маркос Љоренте за кого Атлетико доби и понуда

Во двата наврата, саудискиот клуб, на кој претходно му се приклучија Ријад Марез, Роберто Фирмино, Алан Сен Максимин и Едуард Менди, се оптимисти и се надеваат дека ќе ги завршат трансферите.