Килијан Мбапе повторно дојде до прв план откако се приклучи на вечната дебата во фудбалот во последните 15 години: Лионел Меси или Кристијано Роналдо?
Францускиот ас е голем фан на Роналдо уште од детството, но две сезони ја делеше соблекувалната со Меси во ПСЖ и сфати колку е добар.
„Навистина го сакам Кристијано и бев голем фан на него кога бев млад, но почнав да разбирам колку е добар Меси. Кога си голем фан на Кристијано, не можеш да видиш колку е добар Меси затоа што го сакаш Кристијано“, призна Мбапе, а пренесува Mundo Deportivo .
Мбапе пред почетокот на оваа сезона беше на излезната врата од ПСЖ, но сепак реши да остане на „Паркот на принцовите“.
Тој првично одби да го продолжи договорот со ПСЖ, кој е до летото следната година, што значи дека како слободен играч може да избере нова средина во која ќе ја продолжи кариерата. Поради ова, на инсистирање на клупскиот лидер, тој беше исфрлен од тимот, но набрзо беше вратен и повторно почна да игра во првиот состав.
Сега Мбапе повторно преговара со ПСЖ за нов договор, но исто така се додава дека се уште ништо не е договорено и дека се е далеку од реализација.