ВИДЕО | АВИОН СЕ УРНАЛ СРЕДЕ УЛИЦА И ЕКСПОЛДИРАЛ! На Интернет се појави драматична снимка од авионска несреќа – јавноста во шок – погледнете!

Неверојатна сцена се случила во прометна улица на нигерискиот главен град Лагос – спортски авион паднал среде толпа, недалеку од бензинска пумпа, до резервоар, експлодирал, но за среќа – нема загинати!

Лесниот авион „Air First Hospitality & Tours Jabiru  J430“ летал над прометната област Оба Акран во нигерискиот главен град Лагос, кога бил принуден принудно да слета во вторникот околу 15 часот по локално време, а тогаш буквално се случило чудо, пишува Daily Mail.

Моментот на принудното слетување, кој завршил со паѓање на авионот на прометна улица и експлозија, е снимен на шокантно видео кое се појави и на Интернет.

Како што може да се види, при обидот да слета на улицата, авионот најпрвин удрил во столб, а потоа прво паднал со предниот дел на улицата, се превртел и експлодирал.

Инцидентот се случил во близина на бензинска пумпа, додека на соседната лента минувала цистерна.

Луѓето кои се нашле на лице место во моментот на експлозијата најпрвин почнале панично да бегаат на сите страни, но многумина брзо се вратиле да го изгаснат пожарот.