ВИДЕО | Брутална тепачка на жени во бикини на плажа: Мажот заврши на земја

На социјалните мрежи се појави видео од брутална тепачка на плажа во која учествуваа жени.

Тепачката се случила на плажата во Приморскиот крај на крајниот југоисточен дел на Русија.

Како што може да се заклучи од видеото, најпрво од непозната причина дошло до расправија меѓу четири жени, очигледно Русинки, од кои едната со поддршка на другите почнала да ја турка другата.

Откако жена во црн костим за капење собори друга жена на земја, двајца мажи се обиделе да ја прекинат тепачката.

Еден маж се обидел да ја одбрани жртвата и жената го удрила во глава, која потоа го фрлила преку рамо и продолжила да го клоца додека лежел на земја.

Во исто време, уште две жени ја нападнале жртвата, која успеала да стане.

Видеото од тепачката можете да го погледнете ТУКА.