НАЈГОЛЕМ ФАН – Погледнете ја кошулата што ја носеше овој дипломат на самитот во Русија: „Секогаш ја носам, многу го сакам!“ (ВИДЕО)

Кошулата ја надополнил со капа на советската армија со значка со чекан и срп. Секако веднаш стана вирален хит…

Лидерите на африканските земји кои одговорија на поканата да дојдат на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург покажаа дека го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

Но, еден дипломат од Екваторијална Гвинеја отиде чекор подалеку и се појави на самитот облечен во маица на која беше испечатен ликот на Путин. Всушност, повеќе од нив.

Руските медиуми објавија дека станува збор за дипломатот Лама Жак Севоба, кој работи во амбасадата на Гвинеја во Москва. Тој ја надополнил маицата со ликот на Путин со капа на советската армија со значка од чекан и срп.

Севоба рече дека маичката не ја купил специјално за самитот, туку ја добил пред неколку години и дека ја носи „во секое време“ и „на секое место“.

„Го имам тој дрес веќе три години затоа што многу го сакам (Путин), па го носам дресот во секое време и на секое место. И денес сакам да му покажам на мојот народ дека Русија и Африка ќе бидат уште поголеми пријатели од порано“, изјави можеби најголемиот фан на Путин од Африка.