Новак Ѓоковиќ купил вила со приватна плажа во Црна Гора вредна милиони

НОВАК ЃОКОВИЌ купил вила со приватна плажа во луксузната населба Љута во Бока Которска, дознава Блиц.

Српскиот тенисер купил имот во близина на вилата на неговиот пријател Југослав Кариќ, кој му помогнал да го избере.

Како што пишуваат српските медиуми, вилата е во одлична состојба, но Новак и Јелена сакаат да ја уредат по свои стандарди и имаат некои посебни барања, поради што работата е во тек. 

Вила со приватна плажа 

Вилата на Ѓоковиќ е слична на другите во луксузното одморалиште Љута, а се наоѓа на морскиот брег и има приватна плажа.

“Тоа е огромен имот со куќа која има излез на море. Секој овде има своја приватна плажа. Југослав Кариќ му нашол вила како оваа што ја има”, потврдил изворот за Блиц, додавајќи дека парот сака да подобрување на изгледот на вилата уште повеќе. 

Иако не се знае колку Ѓоковиќ платил за имотот, слична вила во сопственост на неговиот пријател Југослав Кариќ вреди 1,3 милиони евра. 

Да потсетиме, српскиот тенисер неодамна престојуваше во  Дубровник и Корчула каде уживаше со семејството.