ВИДЕО | ВОЈНАТА ВО РУСИЈА ЗАПОЧНА! На социјалните мрежи се шират снимки од пресметката на Вагнер со руската Армија: Војниците на Евгениј Пригожин нападнати од руски авиони !?

Извор од руските безбедносни служби претходно денес потврди за медиумската агенција Reuters дека платениците на Вагнер ја презеле контролата врз воените објекти во градот Воронеж, кој се наоѓа на 500 километри јужно од Москва. 

Набрзо потоа на Интернет се појавија видеа од воени возила кои се движат низ областа, но гувернерот на регионот Александар Гушев на социјалната мрежа Телеграм објави дека видеата наводно се лажни, објави весникот The Guardian.

На социјалните мрежи кружат лажни информации за колони воени возила кои се движат низ регионот на Воронеж. Според руските закони, има одговорност за оние кои шират такви пораки. Сите снимки ќе бидат прегледани од надлежните и регионалното обвинителство“, стои во пораката на гувернерот.

Тој додаде дека Армијата ги презема „неопходните воени мерки“ како дел од антитерористичката операција што беше прогласена по вооружениот бунт на платеничката група Вагнер. Украинскиот весник Kyiv Post сподели видео за кое тврди дека покажува дека руските воздухопловни сили таргетираат автопат по кој патува приватната воена организација, а претходно денес објави видео од искинат транспарент на кој се повикуваат луѓето да им се придружат на Вагнер.