ВИДЕО | МИЛО ЃУКАНОВИЌ КАКОВ ШТО БАЛКАНОТ НЕ ГО ПОЗНАВА – Еве како поранешниот претседател на Црна Гора ги поминува пензионерските денови: Виски, пура, музика и…

Мило Ѓукановиќ, до неодамна претседател на Црна Гора, очигледно се помири со фактот дека по 30 години не е на власт, бидејќи на претседателските избори беше поразен од Јаков Милатовиќ.

Мило Ѓукановиќ деновите во политичка пензија ги поминува забавувајќи се, уживајќи на плажите на луксузните црногорски хотели, каде летово го „уловија“ балканските папарацо новинари.

А освен што знае да ужива во сончањето и пливањето, на Мило Ѓукановиќ не му е непознато и пеењето. Така, на социјалната мрежа Х (Твитер) се појави видео на кое тој со чаша во рака го пее познатиот хит на покојниот пејач Луис Slike u oku“.

Мило Ѓукановиќ ја отпеа познатата песна, а снимката доби бројни позитивни и хумористични коментари од следбениците.