ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТЕН МОМЕНТ – Морски лав распарчува ајкула за само три минути

Камера снимила момент кога морскиот лав искинува на парчиња ајкула пред изненадените и видно исплашени посетители на плажа.

На видеото може да се види како морски лав ненадејно зграпчува сина ајкула за врат веднаш до брегот во заливот Монтереј, Калифорнија, а потоа со сета сила ја исфрла од водата.

Овој неверојатен момент го снимил Лори Хеспе кој дошол да ги гледа китовите во водите на заливот.

Вакво нешто не сум видел во животот. Бев апсолутно шокиран и изненаден. Нападот траеше вкупно околу три минути пред да дојде до својот брутален крај“, изјавил Лори Хеспе за локалните медиуми.