ВИДЕО | НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛСКИ БИСЕР! Како Бојан Миовски ја ‘покори’ шкотската Премиер лига и денес вреди повеќе од 4 милиони фунти!

Точно една година откако Абердин потпиша со македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Многумина на почетокот беа скептични за преселбата на Бојан Миовски од Унгарија во Шкотска, уште повеќе ако се земе предвид дека македонскиот репрезентативец во втората половина од сезоната 2021/22 постигна само два гола за МТК Будимпешта и играше на десно крило за унгарскиот клуб.

Сепак, тогашниот тренер на Абердин, Џим Гудвин, и неговиот тим за регрутирање видоа нешто во Бојан Миовски што многумина не го гледаа. Тие веруваа дека токму тој може да биде еден од најдобрите стрелци во Шкотска, а на крајот тоа и се оствари.

Брзиот напредок, одличната адаптација на играта и добрата соработка се само дел од „тајната“ за успехот на еден од најнадежните наши фудбалери. Сегашниот тренер на Абердин, Бери Робсон, исто така чувствува корист бидејќи Бојан Миовски постигна 18 гола во сите натпреварувања минатата сезона.

Бојан Миовски

Според пишувањата на шкотските медиуми, „фаќањето“ на Бојан Миовски од страна на Абердин е резултат на повеќемесечна вредна истрага. Проучени се повеќечасовни снимки и преноси во живо на напаѓачот во акција за МТК Будимпешта.

Тогашниот одговорен за регрутирање на нови фудбалери во шкотскиот клуб, Дарен Мовбреј, кој неодамна го напушти Абердин, заминал во голем број извиднички мисии во Унгарија за да го гледа Бојан Миовски, а тоа значеше само едно – дека интересот за Бојан Миовски не е коцкање.

Абердин точно знаеше што добива со македонскиот млад репрезентативец, а успехот по почетокот на сезоната веќе се гледаше.

И покрај помалку импресивната форма во Унгарија, Бојан Миовски веќе беше на радарот на клубовите во повеќе нации во текот на 2021 и 2022 година.

Според информациите, МТК Будимпешта одбиле понудата од 1,2 милиони евра од Рапид Виена за напаѓачот во летото 2021 година.

Се разбира и чешкиот клуб Славија Прага покажал интерес да го ангажира Бојан Миовски во јануари минатата година, но понудиле цена од 1,5 до 2 милиони евра.

Сепак, по нивното испаѓање, МТК Будимпешта биле принуден да го продадат својот талент во странство, а тоа се должи на клаузулата во унгарскиот фудбал каде што секој клуб кој испаднал од првата лига мора да ги истера своите странски играчи во странство.

Абердин тогаш се покажал како најдобар клуб за македонскиот фудбалер пред клубовите од Унгарија, Русија, Полска, Белгија, Германија и Швајцарија кои покажувале голем интерес за Бојан Миовски.

Иако македонскиот напаѓач официјално потпиша пред една година, симпатизерите на Абердин мораа да го чекаат почетокот на сезоната да го видат Бојан Миовски на дело.

Штипијанецот ги договори условите на 23. јуни 2022 година, а потоа официјално потпиша четиригодишен договор со Абердин по медицинските прегледи во нивниот тренинг камп во Шпанија – и започна да тренира со своите нови соиграчи.

Бојан Миовски

На Бојан Миовски му требаа само шест минути да го најави своето пристигнување во Шкотска со изнудувањето на пенал, а потоа истиот да го претвори во гол во првиот негов натпревар.

По тој натпревар и деби гол, Македонецот изјави дека неговата амбиција е да биде напаѓач „број еден“ во шкотската Премиер лигата.

Тоа беше ран показател за амбицијата и самодовербата на македонскиот фудбалер.

На крајот, тој требаше да заврши на заедничката четврта позиција во топ листите за стрелци во шкотската лига со 16 првенствени голови, исто со неговиот соиграч и партнер Дук.

Бојан Миовски беше на пат да ја собори границата од 20 гола, но головите пресушија со само еден во последните три месеци од сезоната.

Сепак – тој еден гол беше незаборавен: Извонреден нуркачки удар со глава во победата од 2-0 над Глазгов Ренџерс на 23. април.

Формата на Бојан Миовски неминовно го стави на радарот на многу големи клубови.

Италијанскиот клуб Лацио наводно размислувал да испрати понуда за Бојан Миовски во јануарскиот преоден рок.

Францускиот клуб Стад де Ремс, исто така, се сметаше дека размислува за трансфер од 4 милиони фунти во јануари.

Бојан Миовски е исто така на радарот на италијанските клубови од највисокото првенство Болоња и Специја, додека Саутемптон го надгледуваше напаѓачот пред нивното испаѓање во англискиот шампионат.

И други клубови во Европа и Велика Британија, исто така, со интерес го гледаат македонскиот репрезентативец.

Бојан Миовски моментално е на рехабилитација од повредата на лигаментите на скочниот зглоб, повреда со која се здоби на 24. мај при натпреварот со Сент Мирен. Македонецот беше извлечен на носилки откако беше фаулиран од Тиери Смол, кој доби директен црвен картон.

Бојан Миовски

Повредата го отфрли Бојан Миовски од квалификациите на македонскта фудбалска репрезентација за ЕВРО2024 против Украина (3-2) и Англија (7-0) на почетокот на овој месец.

Според последните информации, на Бојан Миовски неодамна му е дадено зелено светло целосно да ја извади заштитната копачка и е на пат да се приклучи на предсезонскиот тренинг на Абердин на 10. јули.

Со оглед на враќањето голгетерот на теренот и интересот од европските клубовите, цената од 535.000 фунти за Македонецот може да биде едно од најдобрите купувања на Абердин и клубот од Шкотска може да добие голема сума на пари при наводна идна продажба на Бојан Миовски.

Тоа може да се каже со сигурност пореди големиот број на постигнати головои за Абердин во минатата сезона.

Клучните фактори се ова – Бојан Миовски неодамна изјави дека не сака да замине, но сигурно ќе прифати понуда поголема од 4 милиони фунти за да ја тестира решеноста на бордот на Абердин да го задржи во нивните редови.