(ВИДЕО) Повеќе од 100 мртви! Монструозен напад на бегалскиот камп во Газа! Израел безмилосно уништува се!
Повеќе од 100 луѓе загинаа денеска во напад на израелските сили врз кампот Џабалија, во централниот дел на Појасот Газа, соопшти агенцијата ВАФА.
Под урнатините има уште жртви, јавува агенцијата ВАФА.
Како што потсетува палестинската новинска агенција, ова не е прв масакр извршен од израелските сили во кампот Џабалија и други делови на северот на Газа.
Минатиот месец, повеќе од 30 луѓе беа убиени во израелски напад врз училиште поврзано со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци во бегалскиот камп Џабалија.
Претходно, десетици палестински цивили беа убиени и повредени откако израелски авиони постојано бомбардираа станбени згради во областа на кампот Џабалија.
Палестинската телевизија Ал Акса претходно објави дека најмалку 19 лица се убиени во неделата во израелски напад врз станбена зграда во бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа. Многумина беа повредени и пренесени во болницата Насер.
Бегалскиот камп се наоѓа во густо населен дел на градот Газа.