ВИДЕО | Погледнете ја новата реклама на Русија за тоа како регрутира мажи во Армијата: “Отсекогаш сум сонувал за Киев…“

На социјалните мрежи почна да се шири ново видео од пропагандната машина на Кремљ, во кое се повикуваат Русите да им се придружат на воените сили кои учествуваат во агресијата против Украина.

Во ова лудо видео Русите не кријат која е нивната главна цел – да ги освојат најголемите украински градови како Киев и Одеса и потоа да го „поделат“ воениот плен меѓу себе.

Така, на снимката се гледа како двајца војници трчаат, пукаат од рововите (интересно – не носат шлемови) додека околу нив одекнуваат истрели, а во позадина свири драматична музика. Во еден момент застануваат и ноншалантно разговараат за тоа што навистина сакаат. Така, едниот го прашува другиот дали знае каде е областа Печерски во Киев.

Во центарот е, тетка ми живее таму. Убаво маало“, му одговара другиот војник и потоа додава прашање: „Зошто ?“, на што првиот војник одговара: „Имам еден сон. Сакам да купам стан таму. Кога војната ќе заврши и ќе го освоиме Киев, ќе се преселам таму со моето семејство“.

Музиката потоа се менува од драматична во лесна, полу-смирувачка, а вториот војник зборува за тоа како ќе оди во Одеса.

Го сакам морето“, вели тој, а видеото завршува.

За време на видеото во титловите се печати порака – „изберете го градот од соништата“, а видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Ваквите реклами за вооружените сили ја преплавија Русија во месеците по инвазијата на Украина, а освен што се емитуваат на телевизија, билборди се преполни со нив, па дури и на случајните минувачи им се делат летоци со кои се повикуваат луѓето да се приклучат на Армијата.