Светските гиганти од одбранбената индустрија на Саемот ИДЕФ 2023 во Истанбул

Светски гиганти од одбранбената индустрија присуствуваа на 16. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ) во Истанбул, јавува Анадолу.

Стотици домашни и странски компании ги изложија своите производи од полето на одбраната, авијацијата и воздухопловството на четиридневниот настан што завршува денес.

Покрај присуството на околу 600 турски компании, меѓу кои и Аселсан, Рокетсан и Хавелсан, на Саемот беа изложени и производи од странски производители, како Ербас, британскиот гигант од одбранбената индустрија БАЕ Системи, француската Дасо Авијација, американската компанија Локхид Мартин, италијанската воздухопловна и одбранбена компанија Леонардо, шпанската државна бродоградбена компанија Навантиа и британската компанија за мотори Ролс Ројс.

На настанот има и штандови од Кина, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Пакистан, Велика Британија, Азербејџан и други земји.

Челникот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Туркије, Халук Ѓорѓун, соопшти дека Саемот го посетиле делегации од 81 земја и околу 60.000 учесници од 102 земји.