ВИДЕО | СКАНДАЛ – На социјалните мрежи кружи снимка од српскиот патријарх Порфирије, која ја разбесни јавноста: “Во овие тешки моменти, тој ги навредува жените и децата!“

Српскиот патријарх Порфирије се најде на удар на дел од српската јавност, граѓанското општество и одредени опозициски партии, откако на социјалните мрежи се појави видео-снимка во која тој навредува службеничка, нарекувајќи ја „сиромашна“ и „бедна“.

Лавината од остри реакции беше поттикната од коментарите на патријархот Порфирије за законот за родова еднаквост, зборувајќи на маса за време на верска церемонија и употребувајќи ги зборовите „сиромашна“ и „бедна“ кон одредена службеничка.

Ќе плачев, ќе врескав од агонија кога ќе видам бедна жена, која ја менува тезата и вели: зошто не се грижите за жените, жените се загрозени. Да загрозени се, сите сме загрозени, затоа што од такви како тебе сиромашни, кои дошле и продаваат магла, како светот да постои поради тебе“, кажал меѓу другото во својот монолог патријархот на Србија.

Без да ја именува службеничлата (функционерка) на која и се обраќа за споменатиот закон, тој ја повтори оценката „сиромашна“ и „бедна“, прашувајќи „што значи политичка волја“ и дали „тоа не е уништување на се на што стоиме“.

На оваа изјава реагираше комесарката за заштита на еднаквоста во СрбијаБранкица Јанковиќ, која јавноста ја препозна како мета на монологот на патријархот. 

Ова се длабоко понижувачки и вознемирувачки зборови на јавниот простор, кои ги нарекуваат жените бедни и сиромашни, особено затоа што ги изговара патријархот“, изјавила таа за соседните медиуми и додала: „Уште позагрижувачки е, што таквите зборови доаѓаат во моменти исклучително тешки за општеството по две масовни убиства и голема трагедија кога гинат најранливите во општеството – децата и жените“.

Поранешната министерка и до неодамна раководителка на владиното координативно тело за родова еднаквост, Зорана Михајловиќ, смета дека речникот што го користи патријархот е лош за општеството, нагласувајќи дека неговата одговорност е „уште поголема, а срамот е неизмерен“.

Актерот Сергеј Трифуновиќ, наведувајќи дека лично го познава Порфирије, упати иронично барање до поглаварот на СПЦ: „Ваша Светост, само не не’ тепајте. Или ако треба, не соочувајте се со нас“, напиша актерот во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

СПЦ возврати со предупредувачки пораки дека Црквата не треба да се повикува за „мешање во државата“ и да не и се припишува „непостоечка одговорност“ во обвинувањата и за насилство врз жените.

Не правете го тоа, бидејќи ние ќе ви одговориме. Нема да ви биде добро ако ви одговориме, бидејќи сите ќе видат дека манипулиравте и лажевте“, се вели во пораката на патријархот по литургија.

Ставот на патријархот и СПЦ е дека – „Законот за родова еднаквост нема никаква врска со грижата за жените, со одбраната на жената од насилство, ниту со какви било реални права и потреби на жените“.

Сепак, ваквата изјава на патријархот Порфирије предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи од страна на српските граѓани.