ВИДЕО | СКАНДАЛ – Србија во шок поради снимката од болница! Медицинска сестра пренесувала во живот на породување на социјалните мрежи

Повеќе од 200 граѓани на Србија утрово на социјалната мрежа Тик Ток го следеле скандалозниот пренос во живо на породување од болницата ГАК „Народни фронт“ во Белград. 

Видео-снимката ја објавила медицинска сестра на таа институција, која, според српските медиуми, веќе е суспендирана по забрзана постапка, пишуваат српските медиуми.

Згрозен сум од човечката глупост и грубост. Утрово во 04:30 часот, користејќи ја социјалната мрежа Тик Ток, наидов на пренос во живо од профилот со име ‘instrumentarkajellenanf‘. Пораѓањето во живо го следеа повеќе од 200 луѓе. Дали е можно како општество повеќе да немаме свест што е правилно, а што не ? Дали е можно некој да мисли дека треба да се снима нешто толку интимно како породувањето ? Тик Ток профилот, како и сите доктори присутни на породувањето кои знаеја дека се емитува во живо, заслужуваат кривично, а секако и граѓанска одговорност“, напишал граѓанин кој го сподели скандалозното видео со медиумите во Србија.

Снимањето и објавувањето на породувањето е строго забрането со Законот за здравствена заштита во соседната држава.

Раководството на ГАК Народни фронт“ наведува дека е згрозено и најостро ги осудува постапките на медицинската сестра.

Веб-порталот Nova.rs пишува дека медицинската сестра со денови им најавувала на своите следбеници на Тик Ток дека ќе имаат можност да гледаат директен пренос од породувањето, а многу следбеници биле заинтересирани за ова.

Меѓу нив имало и едно лице кое логично прашало дали има дозвола да снима бидејќи „снимањето во болница е строго забрането“. Лицето не добило никаков одговор од дрската медицинска сестра која го направи овој скандалозен чин.