Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и денеска со гатанка го насочува вниманието на јавноста кон „скандалите на функционери од ДУИ“, како што вчера најави партискиот лидер Христијан Мицкоски кој рече дека „ова е само почеток на разобличувањето на криминалот на политичарите од владата на ДУИ поддржана од СДСМ“
Апашлукот му го вардат Владата и солар-аргат, провизии на лист шпартан, пресметува везден… тој, гласи гатанката на Стоилковски.
Портпаролот видеото го направил во близина на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.