ВИДЕО | Страшна снимка од возач на автобус се шири на Интернет – патниците во шок: “Се мрдаше целиот, играше, газеше 100 километри на час! Тој беше издрогиран!“

Видео-снимка од возач на автобус од Хрватска и неговото чудно однесување ги преплави социјалните мрежи во регионот.

Деновиве на социјалните мрежи почна да се шири видео на кое наводно се гледа како возач на автобус на позната хрватска транспортна компанија го вози автобусот во речиси несвесна состојба. Наводно, станува збор за возач на транспортна компанија кој во околу 20:00 часот собрал група корејски туристи во Будимпешта, по што пристигнал во Виена пристигнал дури во 01:50 часот.

Станува збор за патување кое вообичаено трае три часа, но траеше речиси шест часа“, цитира хрватскиот весник Jutarnji List човек кој бил очевидец. На видеото се гледа како возачот прво фрла шише, а потоа со слушалки во ушите изведува танцови односно движења, немирно ја движи главата, удира во воланот на автобусот и во одреден момент се прекрстува. Сето тоа е снимено и испратено до компанијата што го организирала автобускиот превоз на корејските туристи, а весникот, како што наведува, контактирал со компанијата од која не добиле никаков коментар.

Оттука, останува нејасно дали возачот бил под дејство на алкохол или дрога и што направило раководството на компанијата против него. Нејасно е и дали возачот бил пријавен во полиција на релација Унгарија Австрија. Еден од патниците кој бил во автобусот за хрватските медиуми изјавил дека се сомнева дека возачот бил издрогиран.

За затвор е, гледате ли што прави ? Тој е таков каков што го гледате на видеото, и токму така се однесуваше. Туристите ја напуштија Будимпешта, требаше да заминат до Виена. Беше околу еден час, еден час и пол доцнење на стартот, после некое време ваљда се ‘се среди’ во тој момент. Девојката што била водич го снимила па видеото го препратила до нејзината агенција. Не повикала полиција затоа што не знаела како ќе реагира човекот, таа само се молеше на Бога да стигнат живи до хотелот“, раскажал еден од патниците за споменатиот весник.

Сведокот на настанонт вели дека видно дрогираниот возач застанувал неколку пати додека возел. „Возеше 30 километри на час, а потоа во друг момент 100 километри на час. Имаше секакви испади. Не повикаа полиција. Вчера полицијата веќе беше заинтересирана за компанијата, а ова ќе биде интересно и за корејската амбасада“, заклучил човекот.