ВИДЕО | Сунак: Мажот е маж, а жената е жена! Луѓето не треба да веруваат дека можат да бидат од кој било пол

Сунак тврди дека тоа е „едноставно здрав разум“

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека „мажот е маж, а жената е жена“ и дека не треба да се врши притисок врз луѓето да веруваат дека можат да бидат од кој било пол.

Зборувајќи за тоа како општеството треба да се однесува кон трансродовите луѓе, Сунак на годишната конференција на неговата Конзервативна партија рече дека „не треба да бидеме малтретирани да веруваме дека луѓето можат да бидат од кој било пол“.

Не можам да бидам. Мажот е маж, а жената е жена и тоа е едноставно здрав разум – изјави британскиот премиер.