ВИДЕО | ТОЈ Е ВИСТИНСКО “МАМИНО СИНЧЕ“ – Еве кој ја облече ѕвездата на Реал Мадрид за свечената церемонија: Обожавателите во неверување

На младиот фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам (20 г.), и понатаму му помага мајка му во изборот на гардеробата за специјални пригоди.

Официјално најдобриот млад фудбалер на светот со неговиот необичен стајлинг привлече големо внимание на церемонијата за доделување на Златната топка.

Тој се појави во необични широки панталони кои предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.

По церемонијата, тој призна дека мајка му му помогнала да ја избере облеката и да се подготви за спектаклот.

Репрезентативецот на Англија и најдобар играч на Реал Мадрид беше снимен додека неговата мајка внимателно го припрема за свечената церемонија, а ова видео можете да го погледнете ОВДЕ.

Луѓето мислат – тој е толку зрел, а јас дури и не знам како да се облечам. Мојот живот е лага“, вели Џуд Белингам со насмевка додека мајка му го местеше.

Џуд Белингам оваа сезона блеска во Реал Мадрид, постигнувајќи 13 гола на 13 натпревари и моментално е еден од главните фаворити за освојување на Златната топка во 2024 година.

На овогодинешната церемонија му беше доделен трофејот за најдобар млад фудбалер во светот.