ВИДЕО | ЧУДНА ПОЈАВА НА НЕБОТО ЈА КРЕНА ОВАА ДРЖАВА НА НОЗЕ – Граѓаните во страв и неверување, а експертите тврдат: “Ова не е природна појава!“ – погледнете

Мистериозните блескави појави се забележани на небото над Мелбурн, Австралија.

Многу луѓе споделија фотографии и видеа на социјалните мрежи, прашувајќи дали се работи за метеор или нешто друго. Светлечкиот објект горел речиси една минута пред да се распадне на парчиња.

Што е ова над Мелбурн ?“, напишал еден корисник на социјалната мрежа Твитер, додека друг прашал: „Дали ова можеби е вселенско ѓубре ?“.

Експертите брзо процениле дека станува збор за вселенски отпад што се запалил поради триење кога со голема брзина влегол во атмосферата.

Поради јавен интерес, Австралиската вселенска агенција издаде соопштение во кое се вели дека блескавите остатоци најверојатно се остатоци од руската ракета „Сојуз-2“, лансирана во понеделникот вечерта од Плесек, северно од Москва, која повторно влегла во атмосферата на Земјата

Ракетата била тешка 105 тони и долга 25 метри, а била исфрлена на исклучително голема височина откако останала без гориво“, изјави професорката Алис Горман од Универзитетот „Флиндерс“ за тамошните медиуми.

Многу жители на Мелбурн ја видоа ракетата како лета низ небото додека се распаѓаше на парчиња, а секоја од нив продолжи да гори во спектакуларен огномет“, објаснила Алис Горман.