Висок дипломат од Русија со една реченица ја откри вистинската цел на Владимир Путин во Украина !?

„Русија не може да коегзистира со сегашниот ‘режим’ во Киев и ќе се спротиставува на моќта на воената Алијанса на НАТО додека Москва не ги исполни своите цели“, посочи во вторникот висок функционер на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, на 10-годишнината од украинската револуција која Кремљ ја нарекува „спонзориран“ државен удар.

Сегашниот режим е апсолутно токсичен, ние во овој момент не гледаме никаква опција за соживот со овој режим“, изјави за новинарите во Москва високиот дипломат Родион Мирошник.

Тој тврди дека Украина извршила злосторства против цивилното население и ги прекршува човековите права, а НАТО ја снабдил Украина со забрането оружје, судејќи дека интересот на Запад за Украина на крајот ќе се намали.

На Родион Мирошник му беше доделена задача да собира докази за наводните украински воени злосторства врз цивили во рамки на Министерството за надворешни работи на Русија.

Украина и Запад, меѓутоа, ја обвинуваат Русија за воени злосторства во Украина, што официјална Москва тоа категорично го отфрла.

Родион Мирошник, исто така, вели дека Русија може да се спротивстави на НАТО се додека е неопходно да се поразат украинските сили во нејзината т.н. „специјална воена операција“ и да се завршат сите задачи доделени од претседателот Владимир Путин.

Западот на крајот ќе го изгуби интересот за Украина, а сегашната Влада во Киев ќе падне“, тврди Родион Мирошник.

Кремљ во вторникот ја опиша украинската револуција од 2014 година како спонзориран државен удар што го дефинираше сегашниот прозападен став на Украина.

Говорејќи на 10-годишнината од почетокот на масовните протести во Киев кои кулминираа со соборувањето на претседателот Виктор Јанукович, портпаролот на КремљДимитриј Песков порача:

Дека е спонзорирана од странство, директно или индиректно го потврдија и претставници на странски земји. Тоа не е тајна“, вели тој.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја гледа војната како дел од многу поширока борба против САД. Една дел од Кремљ тврди дека целта на САД е да ја поделат Русија, да ги зграпчат нејзините природни ресурси, а потоа да се пресметаат со Кина.

Запад, од друга страна, го прогласи Владимир Путин за воен злосторник и диктатор кој води империјалистичка војна со цел да ја украде земјата.

Владимир Путин

Медиумската агенција Reuters оценува дека тоа ја ослабе Русија, создаде посилно чувство за државност во Украина и даде ново значење на НАТО, на кое Русија со своите постапки и даде нова мисија.