ВЛЕГЛА ВО БАНКА И ЗЕМАЛА ТУЃИ 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА: Измамничка направила хаос во Црна Гора – еден повик ги кренал сите на нозе!

Полицијата трага по жена која на 12 април со фалсификувани документи на клиент на банка подигнала 1,3 милиони евра од сметката!

Според сознанијата на „Вијести“, таа банкарска институција ден подоцна ја известила полицијата, кога Будванка рекла дека не барала парите што ги чувала во банка да и бидат исплатени.

Од полициската управа неофицијално велат дека тогаш било утврдено дека парите му ги дале на лицето кое приложило фалсификувана лична карта. Наводно, измамничката на 11 април најавила дека ќе ги повлече заштедите во филијалата на банката во Херцег Нови, од каде, со оглед на големата сума, била информирана кога да дојде.

Влегла со ранец и ги зела парите

Еден ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала.

Измамата била откриена кога досиејата биле испратени во седиштето на банката во Подгорица, од каде стапиле во контакт со клиентот, кој ги известил дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.

– По наредба на обвинителот се преземаат мерки и дејствија за откривање на непознатото лице кое ја извршило измамата. Снимките од надзорните камери јасно го забележале сторителот – неофицијално соопшти полицијата.

Се огласи и банката

Според истите информации, во банката се води внатрешна истрага. Банката денеска соопшти дека непознато лице со употреба на фалсификувани документи на штета на еден нивен клиент извршил „измамно дело“.

Тие рекоа и дека ги известиле надлежните за настанот и дека ќе дадат максимален придонес за откривање на виновниците.

– Преземени се сите мерки за целосна заштита на повредениот клиент, со напомена дека се работи за изолиран случај кој е покриен со полиса за осигурување и не може да влијае на редовното функционирање на Банката – соопштуваат од банката.