Воен репортер на Би-Би-Си: Израелските војници дел по дел ја „чистат“ областа Газа

Израелските сили се концентрирани на северната област на Појасот Газа и од таму се туркаат малку појужно. Постојаниот тежок артилериски оган врз Газа продолжува, известува репортер на Би-Би-Си со седиште во израелски град со поглед на Газа.

„Повеќето цивили или заминаа или се евакуирани. Израелската армија објави дека го забрзува темпото на операции“, рече репортерот.

Тој забележува дека снимките од Газа сведочат за бомбардирањето од големи размери.

„Поради дефектот на комуникацијата, многу е тешко да се открие што точно се случува. На пример, разговарав со ОН кои можеа да комуницираат со нивната главна канцеларија на југот преку сателитски телефон, но бидејќи нема внатрешна комуникација, тие не можат да се поврзат со нивните канцеларии во други области“, вели известувачот.

Иако бомбардирањето е многу фокусирано на север, Појасот Газа е долг околу 45 километри, па експлозии се слушаат низ целата област.

„Дали е тоа копнена офанзива? Мислам дека не треба премногу да се врзуваме за дефинициите на сето ова. Кога го видовме засилувањето на војската, мобилизацијата на преку 300.000 резервисти, мислевме дека ќе видиме инвазија на Газа на сите фронтови. Мислам дека тоа што можеби го прават е да го расчистат Појасот Газа дел по дел“, оценува репортерот на Би-Би-Си.