(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЛЕГЕНДАРЕН ФУДБАЛЕР ПЛАЧЕШЕ ПОРАДИ ОНА ШТО ГО НАПРАВИ: Бразилецот ја направи една од најтешките повреди во историјата

Познатиот бразилски фудбалер Марсело доживеа еден од најлошите моменти во кариерата.

За жал, истото може да се каже и за Лучијано Санчез, фудбалерот на Аргентинос Јуниорс кој заработи страшна повреда на натпреварот против Флуминенсе во Копа Либертадорес.

Марсело имаше контрола на топката, а целата ситуација е навистина несреќа.

Аргентинецот се обиде да ја одземе топката, а во тој момент левиот бек кој минуваше покрај него го згазна на ногата која беше во лоша позиција.

Ногата веднаш се скршила, што може да се види на видеото, кое забележуваме дека е вознемирувачко.

Аргентинецот веднаш почна да вреска од болки, а Марсело не можеше да се смири и поради тоа што се случи, додека го напушташе теренот, плачеше и ја стискаше главата.

Соиграчите се обидоа да го смират, а нема сомнеж дека и двајцата фудбалери ќе го паметат овој момент до крајот на животот.

За жал, прашање е дали Санчез воопшто ќе може да ја продолжи кариерата.