Володимир Зеленски: “Победата на Украина во војната со Русија зависи од соработката со ЕУ!“

Победата на Украина во војната против Русија зависи од соработката со Европската унија, посочи денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од странските медиуми.

По средбата во Киев на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, Володимир Зеленски ја подвлече  важноста на поддршката за Украина во областа на одбраната.