ФОТО | ИЛОН МАСК ГО ИСМЕА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Украинскиот парламент со жесток одговор, а објавата мистериозно исчезна од Х (Твитер)

Еден од најбогатите луѓе на планетата, Илон Маск, предизвика гнев и презир кај корисниците ширум светот со својата објава на социјалната мрежа Х (Твитер), во која го исмева претседателот на Украина, Володимир Зеленски. 

Илон Маск објави постара фотографија од Володимир Зеленски со коментар:

Кога ќе поминат 5 минути и не си побарал милијарда долари помош“. 

Објавата ја видоа милиони луѓе, а коментарите жестоко се проширија на социјалната мрежа.

Најбогатиот човек на светот се исмева со друг човек кој едноставно се бори за правото на својот народ да живее“, коментира еден корисник под објавата додека друг додава: „Тој претера во изминатите неколку недели обидувајќи се да ја поттикне идејата за прекинување на воената помош за Украина. Тажно затоа што беше херој во Украина. Сега тој стана сајбер насилник“.

Зошто да се исмевате со храбар лидер кој ја води својата нација во херојска борба за нејзината слобода ? Не ви е срам ?“, го прашаа републиканците кои се против Доналд Трамп

Побарај помош“, е пораката од поранешниот агент на ЦИАЏон Сајфер.

Одговори и Врховната Рада, украинскиот парламент. Објавија меме со главата на Илон Маск наместо на Володимир Зеленски и напишаа:

Кога ќе поминат 5 минути а немате споделено руска пропаганда“. 

Сепак, таа објава подоцна беше отстранета од социјалната мрежа.

За потсетување, ова не е прва контроверза објава на Илон Маск кога станува збор за руската инвазија на Украина.