Волстрит журнал: САД планираат да му достават муниција на Израел во вредност од 320 милиони долари

– Волстрит журнал (WSJ) тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) планираат да испратат прецизно наведувана муниција во Израел во вредност од 320 милиони долари.

Според вестите на Волстрит журнал, врз основа на сликите од официјалната преписка што ја добиле, американската администрација на 31 октомври поднела декларација до Конгресот на САД со која се предвидува испраќање бомби „Спајс“, прецизна муниција воздух-земја, во Израел.

Според преписката, во рамките на договорот, американскиот производител на оружје „Рафаел УСА“ ќе ја пренесе муницијата на својата израелска матична компанија „Рафаел адванс дефенс системс“.

Во прашање е употреба, склопување, тестирање и обезбедување на други технологии за оружје во вкупна вредност од 320 милиони долари.

„Администрацијата на Џо Бајден ја повикува израелската Влада да дозволи хуманитарен прекин на огнот, но продажбата и слична итна воена помош за Израел целосно го поткопуваат овој напор“, рече Сет Бајндер, експерт во Институтот за политика за демократијата на Блискиот Исток (ПОМЕД) во Вашингтон.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Најмалку 10.328 Палестинци, од кои 4.237 деца и 2.719 жени, загинаа во израелските бомбардирања врз Појасот Газа. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600.