Во Велес гори градската депонија лоцирана над градот кај штипско џаде. Од Територијалната противпожарна единица во Велес за МИА информираат дека тие биле повикани на гаснење на депонијата во 17:30 часот каде и сè уште е таму нивна екипа со едно возило и еден пожарникар.
Засега тие немаат информации што од кога и поради што се запалила градската депонија.