ВО ОВИЕ 3 ЗНАЦИ НА ХОРОСКОПОТ ИМА НАЈMНОГУ „СТАРИ МОМИ“: Опседнатост со поранешните љубови, трка по кариера… Еве што ги БЛОКИРА!

Дознајте кои 3 хороскопски знаци има најмногу стари моми и што ги натерало да одлучат да не стапат во брак.

Дознајте кои жени според хороскопот се  предодредени сами да се соочат со староста. Народот ги нарекува погрдно „стари моми“, а обично едноставно немаат среќа да ја најдат вистинската личност со која ќе го поминат животот…

Астролозите пресметале на кои знаци од Зодијакот им е најтешко да се одлучат за брак – или им се случува доцна или воопшто не се случува!

Стрелец

Слободата е пред се! Водени од оваа идеја, директните Стрелци минуваат низ животот непочитувајќи ги општествените норми, често одбивајќи да се омажат или да стапат во врска само затоа што е „така што треба да биде“. Ако навистина се венчаат, тоа е обично подоцна во животот. Сепак, потребата за слобода не е единствената причина. 

Факт е дека претставниците на овој хороскопски знак се прилично ранливи и ако се соочиле со предавство на рана возраст, ќе страдаат длабоко во себе со години. Затоа не можат да му веруваат на партнерот до крај, колку и да изгледа сигурен. 

Јарец

Прагматични и вредни, Јарците воопшто нема да размислуваат за брак додека не наполнат некоја возраст. Нивните мисли најчесто се насочени кон кариерата – и додека другите знаци на Зодијакот трчаат кон „дома“, за да ја пронајдат таа друга половина, Јарците брзаат да се искачат по скалата во кариерата.

Секако, тоа не значи дека се бездушни кариеристи, но не треба да се романтизираат, ниту да им се припишуваат квалитети кои ги немаат. Јарецот не е знак кој попрво ќе избере топла, семејна вечера отколку важен деловен состанок.

Водолија

Во нивната суштина, Водолиите се вистински осаменици. Често се случува првата љубов да ја доживеат многу длабоко, да и се посветат максимално, а и по раскинувањето да му останат верни на првиот партнер. Не треба да се венчаат само „за ред“, ако тоа веќе не се случило со личноста која им значела најмногу. Затоа или се венчаат рано или се мажат на подоцнежна возраст, но тогаш нешто друго е главниот критериум. Тие избираат партнер не за љубов, туку за комуникација.