Дедо му го формираше Голи Оток, а денес неговиот внук познатиот српски глумец, Стефан Капичиќ чека второ дете со хрватска актерка

Стефан Капичиќ и Ивана Хорват Капичиќ се заедно десет години, а љубовта ја крунисаа со брак во ноември 2017 година. Три години подоцна се роди нивниот син Иван, кој е исклучително среќен да има помал брат или сестра.

Познатиот српски актер Стефан Капичиќ (44) и неговата сопруга, хрватската актерка Ивана Хорват  Капичиќ  (34), наскоро повторно ќе станат родители. Среќната вест за српски Блиц ја потврдил  извор близок до парот. – Ивана повторно е во блажена состојба, но се уште не се знае дали ќе добие син или ќерка. Актерката се чувствува добро и бременоста оди добро – изјавил изворот. 

Инаку, Стефан и Ивана се заедно десет години, а љубовта ја крунисаа со брак во ноември 2017 година. Три години подоцна се роди нивниот син Иван, кој е исклучително среќен да има помал брат или сестра. Актерската двојка веќе подолго време живее во Америка, а во Хрватска успеаја да дојдат пред целата ситуација со коронавирусот да добие сериозни размери.

Тие се заљубиле на снимањето на серијата „Дубровничка зора“, а откако Стефан решил да си ја проба среќата во Холивуд, парот се преселил во Лос Анџелес , каде Стефан гради кариера во холивудски проекти. Тој играше улоги во филмовите „Deadpool“, „Deadpool“ и „Deadpool 2“, серијата „Better Call Saul“, а летово премиерата на филмот „The Last Voyage of Demeter“, во продукција на Стивен Спилберг, во кој тој толкува една од главните улоги. Покрај во Америка и Хрватска, парот престојува и во Белград, а токму таму Капичиќ минатата година го сними „Јужен ветер: На граница“.