Маж се изјасни за виновен за запалување на зграда во Јоханесбург во која загинаа 76 луѓе

Еден човек е уапсен под сомнение за 76 убиства, откако признал дека лани во август подметнал смртоносен пожар во зграда во Јоханесбург, Јужна Африка.

Како што јавува Би-Би-Си , пожарот избувнал на крајот на август во поранешната област Јоханесбург.

Таа зграда била деловен центар и подоцна била користена како неформално засолниште, објавија тогаш медиумите.

Локалните медиуми објавија дека жителите на зградата биле главно имигранти од други африкански земји.

29-годишникот ја признал вината додека давал исказ во истрагата, соопшти полицијата.

Осомничениот се соочува и со обвиненија за подметнување пожар и 120 точки од обвинението за обид за убиство.