ВО ПАРИЗ – Сопругата на Меси, Антонела повторно импресионираше со својата едноставност на наградите на ФИФА

Сопругата на Меси, Антонела Рокузо, синоќа на доделувањето на наградите на ФИФА, кое се одржа во Париз, повторно воодушеви со својот изглед.

Имено, сопругата на познатиот фудбалер на оваа престижна награда се појави во едноставен долг црн фустан. За фризурата таа реши да има пуштена пунџа во полежерен стил, а на својот аутфит додаде елеганција со малку подолги обетки.

Најнезаборавниот дел од нејзиниот синоќешен аутфит е црвената чанта во форма на роза. Ниту Лионел Меси не се истакна многу со комбинацијата на облека, па фудбалерот се одлучи за црн костум, црна машна и црни свечени чевли

„Честитки душо. Многу сме горди на тебе“, гласеше објавата на нејзиниот Инстаграм профил.

Потсетуваме дека синоќа Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го изгласа најдобриот играч во светот во сезоната 2021/2022. го избра Лионел Меси. Ова е вкупно седми пат аргентинскиот фудбалер ФИФА да го прогласи за најдобар играч на светот.