Во потрагата по Вања вклучен и Интерпол! Девојчето никаде го нема: Мајка ѝ: „Дознав дека ја нема кога ме повика класната“ (ФОТО)

Вања Ѓорчевски (14) од Скопје исчезна на 27 ноември, а во потрагата по девојчето по кое трага целиот регион сега се вклучи и Интерпол, соопшти МВР.

„МВР соопшти дека, за расчистување на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче, веднаш по приемот на пријавата, вклучени се сите капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се серија разговори со лица блиски до Вања, прегледани се камерите“, јавуваат оттаму.

Девојчето никогаш не стигнало до училиште, а нејзиниот мобилен телефон последен пат бил лоциран на булеварот Партизаске Одреди, спроти Универзална сала. Вработените во локалното кафуле велат дека ништо не виделе, но дека полицијата им ја зела снимката од камерите.

Фотографиите на Вања се споделуваат на социјалните мрежи низ целиот регион. Информации за нејзиното исчезнување беа објавени и на платформата „Find Me“, која е дел од мрежата „Amber Alert“ во Европа.

Северна Македонија, Вања Ѓорчевска

Како што соопшти МВР, интензивно се работи на пронаоѓање на девојчето. Се проверуваат сите блиски и далечни контакти, како и сите електронски уреди за да се пронајдат какви било информации кои би можеле да доведат до исчезнатото девојче.

„Во Скопје е формиран штаб. Целосно сме посветени да го најдеме девојчето. Во постојан контакт сме и со семејството. Беа водени низа разговори со блиски луѓе и со луѓе со кои мислиме дека била во контакт, се проверуваат информации, видео материјали и се преземаат мерки за расветлување на случајот “, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Во потрагата по Вања се вклучија и граѓани, дури и членови на Ловното друштво.

Според полицијата, Вања е висока 175 сантиметри и тешка 58 килограми. Има темно кафеава коса, кафени очи, носи фиксирани протези и има бенка на десната страна од лицето. Во моментот на исчезнувањето носела сина блуза, црна јакна, црни фармерки со странични џебови и бели патики со кафени риги.

Девојчето излегло од дома со ранец, а со себе имала ајфон. Ако ја видите оваа девојка некаде, веднаш јавете се во МВР.

Нејзината мајка претходно изјави дека Вања не била жртва на малтретирање.

– Дознав дека ја нема кога класниот раководител ми кажа дека не стигнала на училиште бидејќи не е вообичаено да не оди на училиште. Кога детето е болно, го известуваме класниот раководител во групата. На училиште најчесто оди со сестра и’, не го пропушта првиот час и никогаш не останала дома, – изјави претходно мајката на Вања.

Таа рече и дека полицијата ги разгледува сите опции.

– Пребарана е просторијата, прегледани се сите пораки, го зеле и компјутерот, ништо не било пронајдено. Сите ја бараме, никаде ја нема.