ВО ТУРЦИЈА ИЗБРОЈАНИ 99,38 ОСТО ГЛАСОВИ: Ова се РЕЗУЛТАТИТЕ!

Резултатите покажаа дека новиот претседател на Турција ќе биде избран во вториот круг во кој ќе се натпреваруваат Ердоган и Киличдароглу на 28 мај.

Врз основа на 99,38 отсто преброени гласови на претседателските избори во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,42 отсто од гласовите, изјави денеска претседателот на Високиот избирачки одбор, Ахмет Јенер.

Резултатот на Ердоган веројатно ќе биде помал од 50 отсто плус еден глас потребни за победа на изборите во првиот круг, пишува турската РТВ Хабер.

Главниот ривал на Ердоган Кемал Киличдароглу освои 44,95 отсто, третопласираниот кандидат Синан Оган 5,2 отсто, а четвртиот Мухарем Инџе 0,43 отсто од гласовите.

Резултатите покажаа дека новиот претседател на Турција ќе биде избран во вториот круг во кој ќе се натпреваруваат Ердоган и Киличдароглу на 28 мај.