Во ЦУК состанок на Националното координативно тело за имплементација на барањата на НАТО

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа состанок на Националното координативно тело за имплементација на барањата на НАТО во делот Градење отпорност, Цивилна подготвеност и Седум основни побарувања на НАТО.

-За време на состанокот учесниците имаа можност да информираат за досегашниот придонес и истовремено да дадат конструктивни предлози и идеи за поефикасно работење на меѓуресорската работна група, посочуваат со соопштението од ЦУК.
 
Состанокот го водел директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, којшто истовремено е политички директор и висок претставник на Република Северна Македонија во Комитетот за отпорност на НАТО. На состанокот, што се одржа вчера попладне, покрај претставниците на ЦУК, присуствуваа претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи (СУК), во својство на номинирани членови и заменици членови во Националното координативно тело.