Властите на американскиот архипелаг Хаваи отворија истрага за одговорот на локалните власти на разорните шумски пожари на островот Мауи, во кои загинаа најмалку 80 лица, покажуваат мајновите податоци.
Во претходниот биланс се зборуваше за 67 жртви.
„Бројот на загинати се зголеми на 80“, соопштија локалните власти, додавајќи дека повеќе од 1.400 луѓе се евакуирани.
Пожарот е најлошата природна катастрофа на Хаваите од цунамито во 1961 година кога загинаа 61 лице на Големиот остров