Вучевиќ: Курти планира физички да окупира 4 северни општини до 28 мај, ситуацијата е страшно тензична

Изборите беа организирани откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година и одбиваат додека не се формира Заедницата на српските општини (ЗСО).

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во саботата изјави дека 28 мај е „краен рок“ кога косовскиот премиер Албин Курти „планира физички да ги преземе“ четирите општини на северот на Косово со мнозинско српско население.

„Знаете што значи тоа, тој ги презема општините со два отсто поддршка од гласачите, тоа значи дека ќе ги урне сите српски симболи, дека ќе оди во целосна конфронтација со огромното, апсолутно мнозинство од населението што живее во тие општини“, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк.

Вучевиќ оцени дека ситуацијата на Косово и Метохија е „ужасно напната“, и дека многумина „ги користат двете трагедии што се случија во Белград и Младеновац за да го зголемат притисокот врз Србија“ и да ги постигнат своите цели, односно Косово како независна држава.

„Курти, додека овде си ја играме играта на обвинувања, подготвува акции за физички да ги преземе овие четири општини на северот на Косово и Метохија и не е многу потресен од нашите трагични настани, туку тоа го гледа како импулс што му дава одредена предност, затоа што овде повторно се разединуваме, се распаѓаме, некој пак треба да воведе нестабилност“, рече Вучевиќ.

Албанските кандидати победија на изборите организирани од Приштина во април во северна Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, бидејќи сите политички претставници на Србите ги бојкотираа тие избори.

Изборите беа организирани откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година и одбиваат да се вратат додека не се формира Заедницата на српските општини.