Вучиќ најави избори во Србија за три или шест месеци

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска најави дека изборите во Србија ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци, а најдоцна за шест-седум месеци.

Тој пред новинарите во Будимпешта, каде што е во дводневна посета, изјави дека локалните и покраинските избори се регуларни, а најверојатно ќе се одржат и парламентарни избори.

Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, дека владата во Белград веќе паднала „само не го знае тоа“ и дека поради кукавичлук не распишал избори во Белград, нагласи дека „сто пати“ ја прашал опозицијата кога сакале да одржат избори.

Па, ова не е фонтана на желби, да барате избори во Белград, но не и други. Многу брзо ќе има избори. Дали за три или шест месеци, избори сигурно ќе има во следните шест до седум месеци“, нагласи Вучиќ.