Шолц: Не сакаме конфликтот во Украина да се претвори во војна меѓу НАТО и Русија

Германија е вториот донатор на помош за Киев, по САД

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин му дава значителна помош на Киев, но дека не сака конфликтот во Украина да се претвори во војна меѓу НАТО и Русија.

За време на „денот на отворени врати“, кога канцеларката одговара на прашања на граѓаните, Шолц рече дека Германија е должна да и помогне на Украина и дека тоа активно го прави бидејќи е втор донатор на помош за Киев, по САД.

Сепак, според неговите зборови, Берлин се обидува внимателно да ја разгледа секоја одлука за воена помош за Киев и да разговара за секој потег со своите сојузници.

– Не сакаме војната меѓу Русија и Украина, која ја започна Русија, да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО – изјави Солц.

Во петокот, шефицата на Одборот за одбрана на германскиот Бундестаг, Мари Агнес Штрак Цимерман, се заложи за што поскоро испорака на крстосувачки ракети Таурус во Украина. Тие проектили се спорни поради нивниот дострел од 500 километри. 

Досега Германија во принцип не го снабдувала Киев со оружје со такви карактеристики.