ВУЧИЌ ПО ВЕСТА ДЕКА СУДОТ ВО ХАГ ИЗДАЛ НАРЕДБА ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН ИЗЈАВИ: „Треба да размислам“

Вучиќ ја слушна веста за време на обиколката на областа Срем

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека мора да седне и да размисли откако ја доби веста дека Меѓународниот кривичен суд распишал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин .

Вучиќ ја слушна веста за време на обиколката на областа Срем.

-Таа вест ми ја дадоа за време на патувањето. После тоа се најдов во градинка и реков: „Да седнам на клупа и да размислам пред да кажам било што“. Не сум од оние луѓе кои мислат на се во секунда. Треба да размислам што ќе правиме и како ќе го направиме тоа – рече претседателот.