ГЕРМАНИЈА СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СВОИТЕ ГРАЃАНИ – “Веднаш напуштете го Либан!“

Министерството за надворешни работи на Германија ги повика германските граѓани да го напуштат Либан.

Германските граѓани, исто така, се повикани да ги регистрираат своите податоци за контакт на он-лајн порталот за кризи и да бидат свесни за тековните безбедносни совети во земјата, напиша Министерството во објава на социјалната мрежа X (Твитер).

За потсетување, американската амбасада во Либан, исто така, претходниот ден ги повика своите граѓани да планираат да го напуштат Либан што е можно поскоро додека се уште се достапни комерцијалните опции.