Гир на средба со Митрески: Да не се доведе во прашање легитимноста на изборите

На средбата со новоименуваниот собраниски спикер, како што информираа собраниските служби, евроамбасадорот укажал на важноста во текот на овој мандат да бидат завршени сите отпочнати постапки поврзани со одржувањето на претстојните парламентарни избори за од која било страна да не се доведе во прашање легитимноста на изборниот процес.

Новоизбраниот собраниски спикер Јован Митрески денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.

На средбата, како што информираа собраниските служби, евроамбасадорот укажал на важноста во текот на овој мандат да бидат завршени сите отпочнати постапки поврзани со одржувањето на претстојните парламентарни избори за од која било страна да не се доведе во прашање легитимноста на изборниот процес.

„Амбасадорот Гир изрази безрезервна поддршка за новоизбраниот претседател на Собранието и на институцијата во целост, која, како што нагласи, ќе продолжи и во следните месеци, со цел заокружување на незавршените активности и законодавни постапки поврзани со реформските обврски, кои произлегуваат од нашиот евроинтегративен пат“, се наведува во соопштението на Собранието.

Претседателот на Собранието, пак, рекол дека ќе направи сė што е во негова надлежност за заокружување на прашањата кои сѐ уште немаат завршница во парламентот, а се значајни за функционирањето на институциите и за европското досие на земјава.