Ги лажел дека ќе им обезбеди термини за визи, им зел речиси 6000 евра

Против 33-годишен жител на тетовска Мала Речица МВР поднесе кривична прјава бидејќи е осомничен дека од јануари до април годинава на три лица им зел пари ветувајќи им дека ќе им обезбеди побрзо термини за виза во странска амбасада.

Им побарал преку брз трансфер да му префрлат пари и им ветил дека ќе им овозможи термин во амабасадата во рок од две недели. Му платиле 5.600 евра.