Голготата на украинските војници: Ситуацијата на фронтот е еднаква на деветтиот круг од пеколот на Данте, Киев ја препозна вистинската ситуација

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот е „многу тешка“.

Во интервју за португалската новинска агенција Луса, тој изјави дека  доколку Западот значително не ја зголеми испораката на оружје и муниција , ситуацијата ќе се влоши.

Данилов нагласи дека „секое чекање јасно влијае на ситуацијата“.

– Ако кажам дека сите се високо мотивирани, тоа би било лажна изјава – додаде тој.

Еден подмолен непријател со кој Украинците се борат секој ден е секако депресијата, како и посттрауматското стресно нарушување (ПТСН). Многу војници веќе скоро две години се во рововите и за тоа време видоа страдања, болести и нечистотија. Во комбинација со нехуманите услови во базите на првите борбени линии, каде војниците, покрај непријателот, се борат и со наезда од стаорци, не е ни чудо што мотивацијата на уморните војници значително опадна.

Претходно американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на војниците и командантите на вооружените сили на Украина, напиша дека украинските војници доживуваат акутен недостаток на пешадија, војниците се физички исцрпени, а нивниот морал опаѓа.