ГОЛЕМА НЕСРЕЌА – Огромен пожар во голем рудник за залто во Перу: Животот го изгубиле најмалку 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа во пожар во рудник за злато во јужниот дел на Перу, соопштија денес тамошните власти, објавија светските медиуми.

Пожарот избувнал во една од галериите на рудникот Есперанца лоциран во провинцијата Кондесухос, во оддалечена област во регионот Арекипа, известија претставниците на полицијата и обвинителството присутни на местото на несреќата. Како што соопштија, се верува дека пожарот го предизвикал краток спој.

Според информациите што ги имаме, во рудникот има 27 загинати лица“, изјави обвинителот Џовани Матос на телевизијата Н.

Пожарот, кој се чини дека избувнал по експлозијата, се случил вчера, но полицијата дури денеска била известена дека има жртви.

Спасувачките служби денес започнале да го обезбедуваат рудникот за да можат да влезат во него.

Мораме да се погрижиме местото каде што се наоѓаат телата да биде безбедно и да можеме да влеземе и да ги извадиме“, изјавил обвинителот.