ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ – Рафаел Надал го поминува истото низ што поминуваше и Роџер Федерер кој потоа се пензионираше – дали Шпанецот го навести тажниот крај на големата кариера на ‘кралот на земјата’ !?
Само четири одиграни натпревари во 2023 година, од кои една победа и три порази, е билансот на Рафаел Надал за обаа година.
Рафаел Надал последен пат се натпреваруваше оваа година на Австралија опен, а поради повреда отсуствува од турнирите од месец јануари.
Токму поради ова, директорот на Мастерсот во Мадрид, Фелисијано Лопес зборуваше за состојбата на славниот шпански тенисер.
„Ме боли што Рафаел Надал минува низ ова. Истото му се случи и на Роџер Федерер, кој мораше да се повлече без да може да продолжи да игра. Неговиот последен натпревар беше во двојки. Иако беше интересно, мислам дека тој не посакуваше така да ја заврши кариерата. Се надевам дека повредата на Рафаел Надал нема да биде толку сериозна и дека ќе се врати на теренот за недела или две“, изјавил Лопес.
Од турнирот во Барселона официјално се повлече Рафаел Надал. Следни се турнирите во Мадрид, кои започнуваат на 26. април, потоа во Рим и како финале на земјената сезона, Ролан Гарос. Останува да се види каква ќе биде одлуката на Рафаел Надал.